ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во текот на ноември евидентиран е најголем број жртви, но и заразени со вирусот корона

Пандемијата забележа застрашувачки бројки во текот на ноември во нашата земја, кога беа регистрирани високи бројки на заразени од Ковид-19 кои беа колку бројот на заразени во сите останатит  8 месеци од пандемијата. Месечните извештаи на Институтот за јавно здравје покажуваат дека од првиот позитивен случај од 26 февруари, па сè до 31 октомври, бројот на позитивни случаи  бил 31 илјади, додека само во 30-тите дена од ноември се забележани повеќе од 30 илјади нови случаи. Ваквиот рапиден број на заболени влијаеше и врз бројот на активни случаи -во првите 8 месеци  имаше близу 10 илјади заболени а само во номеври 11 илјади. На бројот на излекувани во периодот март-октомври од над 20 илјади пациенти во текот на ноември беа додадени уште 18 илјади излекувани.

Advertisements

ПАНДЕМИЈА                     Позитивни         Активни              Оздравени        Мртви                 PCR Тест  

Март- Октомври        31,512                     9,847                   20,731                      994                      249,399

Ноември:                            30,366                   11,322                   18,215                      769                        82,887

Актуелни бројки           61,878                   21,169                   38,946                   1,763                     332,286

Но, според извештајот на ИЈЗ, во текот на ноември на секои 50 минути починувал по еден пациент од вирусот корона. 994 мртви за 8 месеци, 769 мртви само во ноември.

Како резултат на здравствени компликации предизвикани од Ковид-19, денес почина заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.

Министерството за здравство најавува дека главен предизвик останува обезбедувањето на болнички капацитет. Но, заменик министерот Илир Хасани ги повикува пациентите да имаат разбирање и за медицинскиот персонал. Тој рече дека може да се обезбедат легла за ковид, но бескорисно е кога нема кој да ги лекува.

 „Не е проблем да се обезбедат кревети или простор, не е проблем да се обезбеди кислород.

Најголем проблем се човечките ресурси и капацитетите што ги поседува Северна Македонија. Имаме ограничен човечки капацитет, без оглед дали станува збор за инфектолози, пулмолози, интернисти, хирурзи, ортопеди или медицински сестри или медицински техничари – Илир Хасани, заменик министер за здравство.

Во последните 24 часа 56 пациенти се хоспитализирани само во скопските болници, од кои 11 во Клиниката за инфективни болести и во болницата „8 Септември“, а 34 во другите центри. Слободни се околу 180 легла, од кои околу 40 во главниот град.

Përgatiti: Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button