ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за 14 лица осомничени за неовластена продажба на дрога и оружје

Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена за 14 осомничени припадници на криминални групи за неовластена продажба на дрога и оружје. На едно лице, поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор, додека, за останатите три лица кои се недостапни на органите на прогонот, притворот кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање, ќе биде определен денеска.

Advertisements

Станува збор за осомничените лица кои по повеќемесечна предистражна постапка вчера беа лишени од слобода.

Согласно одредбите од Кривичниот законик на сторителите на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ им се заканува казна затвор од најмалку пет години, додека за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ е предвидена казна затвор од најмалку осум години. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button