

Alsat
08.08.2020 16:42
Поради истребувањето на рибниот фонд изминатите години, се помал е бројот на рибари кои годиниве наназад организирано не само од земјава туку и од странство, доаѓаат на Дебарско езеро за рибарење, велат од спортско риболовното друштво Трофта. Затоа тие бараат новата Влада, да не дозволи Дебарското езеро да биде дадено за стопански риболов бидејки тоа би било погубно за Дебар, туку да се користи само за спортско- рекреативни намени.
Порано овде доаѓаа многу рибари,организирани со цели автобуси од Македонија, особено од Скопје, Тетово, Гостивар. Овде поминуваа по цел ден.Се организираа и републички спортски натпревари, а во последно време не организирано нема ниту поединци.Се организираа и спортски натпревари во риболови на републичите здруженија на цивилни инвалиди“-изајви Фатмир Даци, рибар.
Од спортско риболовното друштво Трофта,велат дека количеството на риба е намалено за повеќе од 90%,а најкритична е состојбата со крапот, плашицата и дебарската пастрмка.
Собиравме и петиција од граѓаните, затоа што економскиот риболов ни го уништи езерото и повеќе нема риба.Затоа бараме од новата влада да не го дава езерото под концесија за економски риболов“-рече Дритан Боцку, претседател на риболовно друштво Трофта.
Порано имаше риба,а сега ја нема бидејќи ја дадоа. Сите празници во Охрид се слават со дебарска риба, концесионерот беше од Охрид.Тој ќе полнеше камиони со риба од овде и носеше во охридските ресторани, и не само таму, продаваше низ цела држава. Низ цела Македонија се продаваше риба од дебарско езеро а во Дебар риба ни за лек“-истакна Ашим Цноли, рибар од Дебар.
Во изминатиот период беа фатени рибокрадци на езерото како и голем број на рибарски мрежи.
Мики Трајковски