ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Охрид и понатаму без педијатри, одделението работи само како амбуланта

Со високи температури, малаксаност и кашлици, родители од Охрид, во викенди, празници и во вечерните часови, две години се принудени своите деца да ги носат на прегледи во Струга. Детското одделение во охридската болница, поради недостиг на педијатри, сè уште работи само како обична амбуланта. Во моментот, има двајца педијатри. Едниот пред неколку месеци веќе требаше да замине во пензија. Родителите бараат државата да обезбеди педијатри.

Advertisements

„…Мораме за викенди бидејќи во Охрид нема детско одделение, да патуваме до Струга. Јас не сум возач и морам да ангажирам друг, татко ми, да нè носи во Струга. Сега во неделата имаше премногу гужва. Некаде два часа чекавме во ред и сосе примање на инфузија, некаде 4 часа останавме…“, вели Вики Каневчева, родител.

„…Докторите од Струга прават сè, но факт е дека се преоптоварени бидејќи опслужуваат пациенти од Струга, Охрид, Дебар, Ресен“, додава Влатко Стојкоски, родител.

„…Ако државата бара помош за пополнување на испразнети места по ресторани со келнери и кувари од Непал и Бангладеш, може и мора да направи план за пополнувањ е на работни места во примарната детска здравствена заштита…“, рече Влатко Стојкоски-родител.

Претходните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали ветуваа дека проблемот само што не е решен. Но, сè остана само на зборови. Сега и новиот министер, Фатмир Меџити ветува дека проблемот ќе се надмине.

„Министерот за здравство потпиша трансфер на еден специјалист педијатар од Здравствен дом Охрид, кој ќе биде ангажиран во Општата болница Охрид. Во моментот се чека согласност од Министерство за финансии“, наведуваат од Министерството за здравство.

Од ресорот велат дека во тек бил уште еден трансфер на педијатар од Прилеп, а биле одобрени и две специјализации по педијатрија за болницата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button