ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска повторно амбасадорски состанок на ЕУ за проширување

Амбасадорите на земјите членки денеска уште еднаш ќе се состанат во пресрет на министерскиот совет на ЕУ на 8 декември за да ги усогласат заклучоците на текстот, шансите Бугарија да попушти до осми се речиси непостоечки, јави дописничката на МИА од Брисел.

Advertisements

Ситуацијата останува за сега непроменета во Брисел во однос на ветото на Бугарија за отпочнување на преговорите со Северна Македонија, и покрај силните обиди на сите останати земји членки на Унијата.

Поради овој тврд став, очекувано заклучоците не содржат датум за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, туку се поздравува “одлучноста“ на Северна Македонија да напредува во ЕУ реформите.

-Советот ја разгледува преговарачката рамка во овој момент со Северна Македонија и очекува да ја одржи првата меѓувладина конференција што е можно побрзо, согласно заклучоците на Советот од 25 март 2020, гласи текстот што се однесува на преговорите со земјава, пренесе МИА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button