ВЕСТИРЕГИОН

Дојави за бомби во клиничкиот центар „Ѕвездара“, ВМА и Зоолошката градина во Белград

Дојави за поставени експлозивни направи утринава пристигнале во Клиничкo-болничкиот центар „Ѕвездара“ и во ВМА во Белград, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Од полицијата за српскиот национален радиодифузен сервис – РТС потврдуваат дека дојава за бомба има и во Зоолошката градина во Белград.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека антитерористичките екипи се на терен и се вршат проверки.

Пред два дена дојави за бомби имаше стигнато во 115 училишта во Белград. По извршените проверки од страна на антитерористичките екипи во сите 115 училишта, било утврдено дека нема експлозивни направи и дека пријавите се лажни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button