ВЕСТИ

Дабиќ: Османи го користи претседавањето со ОБСЕ, за личен Пи-Ар

Македонија не ги користи придобивките од претседавањето со ОБСЕ, оценија дел од дипломатите на партиската трибина на ВМРО-ДПМНЕ посветена на надворешната политика на земјава. Според нив, Министерството за надворешни работи пропушта шанси за промоција на државните интереси, а како причина за проблемот прстот го вперија кон кадровскиот потенцијал.

Advertisements

„Ова претседавање е целосно приватизирано од страна на министерот Бујар Османи. Тоа можете да го видите и по кадарот кој е ставен во Мисијата, во тимот за ОБСЕ, кајшто од дваесетина луѓе имате само еден што било какво искуство имал некогаш со ОБСЕ. Дваесет луѓе како намерно да се бирани да немаат искуство, а во исто време неколку амбасадори и неколку високи дипломати кои имаат искуство со ОБСЕ се свесно тргнати на страна“, вели Зоран Дабиќ, поранешен амбасадор во ОБСЕ.

Според поранешниот амбасадор во ОБСЕ, Зоран Дабиќ, Македонија нема инфраструктура, кадар и дипломатски капацитет да основа Центар за медијација на ОБСЕ во Охрид, каков што неодамна најави шефот на дипломатија. Османи очекува наскоро на иста маса да ги седне претставниците на Азербејџан и Ерменија, каде се уште постои конфликт. Од друга страна, амбасадорот Ѕвонимир Јанкуловски истакна дека е тежок период за претседавање со оваа организација, која е замислена како платформа за дијалог меѓу западниот и источниот свет.

„Како игра министерот за надворешни работи, нашиот министер, во контекст на претседавањето исрено да ви кажам не видов како успева да го амортизира притисокот во организацијата во контекст на однесувањето на Русија во организацијата, затоа што многу е лесно да ја исклучите Русија. Можете да ја суспендирате од членство, меѓутоа тоа не е целта на постоењето на ОБСЕ“, рече Ѕвонимир Јанкуловски, амбасадор.

Претседавањето со ОБСЕ Македонија ја чини најмалку пет милиони евра, а последниот тендер е за настан кој за потребите на оргазиацијата ќе се одржи ви декември.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button