ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Улицата кај бањата во Тетово полна со опасности

Улицата кај бањата во градот Тетово претставува голема опасност и за жителите и за посетителите бидејќи свлечиштата и одроните не можат да се предвидат. Од општина Тетово со години ветуваат дека ќе го средат овој пат.

Advertisements

Претходната општинска власт потроши големи суми на пари за поставување на заштитен ѕид, но безуспешно. Сега има одрони преку ѕидот и опасноста уште повеќе се зголемува.

„Речиси секој ден праќаме роба горе, но постои ризик, понекогаш се трудиме да одиме побрзо бидејќи не гледаме дека е добро. Опасно е, а треба да си ја завршиме работата. Општината треба да види, не е вака од сега, вака е четири-пет години. Треба почесто да поминуваат за да видат…“

„Ние одиме по овој пат и понатаму ќе одиме. Го почнаа, но никогаш не се заврши. Оваа страна на планината не беше обезбедена. За возилата е поризично кога поминуваат, но и ние пешаците сме изложени на ризик кога одиме бидејќи се случувале несреќи, а ако продолжи да не се гради, ќе има и повеќе“, велат жителите.

Од општина Тетово велат дека проектот е завршен, добиле пари од УНДП во износ од околу 270.000 евра и работите ќе почнат следниот месец.

„По увидот на лице место работите на овој патен правец ќе почнат на почетокот на јуни. Доделени се средства од 17 милиони денари. Според разговорите со УНДП, сè ќе биде завршено на крајот на јуни“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општина Тетово.

Опасноста во овој дел уште повеќе се зголемува во ноќните часови кога поради оштетување на јавното осветлување, минувачите ги демне опасност и од кучиња-скитници.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button