Законот за работни односи повторно ќе заврши во Уставниот суд

Законот за работни односи, кој Собранието го одложува по скратена постапка, ќе заврши на Уставен суд. Иван Пешевски од Сојузот на синдикати на С Македонија за Радио Слободна Европа рече дека ќе ги оспорат одредбите, кои според него се противуставни и ги наведуваат вработените во еден од секторите со највисок степен на опасност, да работат до 72 часа неделно.
Претходно министерот за труд и социјална политика изјави дека самите вработени ќе потпишат изјава со која ќе се согласат или не да работат под тие услови. Според Пешевски, нема договор кој може да ги легитимира овие неуставни услови.
Од друга страна, земјава долго време има недостиг на работници во овој сектор поради ниските плати. Според статистиката, 26 илјади денари е просечната плата за градежен работник во нискоградба и 29 илјади во високоградба. Тие се соочуваат со непријавена работа и други прекршувања на Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа.
Овој закон е дел од групата закони кои се очекува да бидат одобрени под европско знаме, со образложение дека изградбата на коридорите 8 и 10-Д ќе ја чини државата помалку и оти ваквата постапка ќе биде побрза и поефикасна.
Ардит Рамадани