СПОРТ

Промени на АТП листата, Алкараз и Медведев пред Ѓоковиќ

Големи промени се случија на АТП листата по завршувањето на Мастерсот во Рим. Титулата во Рим ја освои Данил Медведев, во финалрто тој го победи Холгер Руне со 7:5, 7:5. Новак Ѓоковиќ во Рим дојде како број 1, но не успеа да ја одбрани позицијата. По 387 недели, на денот кога го слави 36. роденден, српскиот тенисер е број 3 на АТП листата. Пред него се Карлос Алкараз и Данил Медведев.

Advertisements

Алкараз има 6.815 поени, Медведев 6.330. Овие двајца ќе бидат први носители на Роланд Гарос кој ќе започне на 28 мај. Каспер Руд остана четврти и има 4.915 бодови, додека Стефанос Циципас е петти со 4.775. Скок во Топ 10 направи Данецот, Холгер Руне, финалист на Мастерсот во Рим.

Тој од седмото скокна на шестото место, што е најдобра позиција во неговата кариера. Андреј Рубљев падна на седмото место со 4.270 бодови, додека позициите од осмо до десетoто ги задржаа Јаник Синер, Тејлор Фриц и Феликс Оже-Алијасим.

Калин Ивановски, на најновата раг листа скокна 44 места и сега се наоѓа на 415 место во светот./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button