ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судска администрација: Итно враќање на додатокот на плати

Вработените во судската администрација останаа без додатоците на плата. Поради укинување на истиот член со кој избраните и именувани лица добија зголемување на платите од 78 отсто, на околу шест илјади судски службеници повеќе не им следуваат додатоците на плата кои ги добивале со години. Од независниот синдикат на Судската администрација побараа неодложно менување на правилникот.

Advertisements

„Бараме да ни се вратат додатоците за плата уште за месец мај до 35 проценти. И тие додатоци на плата да се одлучуваат до 20ти во тековниот месец. Значи од овој месец да ни се вратат додатоците на плата до 35 проценти на судската служба“, рече Јасмина Величкова претседателка на независиен синдиката на судска служба на Македонија.

Синдикалците велат дека веќе го известиле и претседателот на Судскиот совет. Синдикалците предупредуваат дека доколку не се земе како приоритетнио нивното барање, стапуваат во „бел штрајк“. Најголема мака ќе имаат граѓаните, бидејќи службениците нема да ги извршуваат своите задачи.

„Судиите имаат квота, кога ќе ја исполната таа квота имаат додаток за тоа, а судската служба ја прави нормата а судиите за таа норма добиваат додаток, додека тие што ја прават норамата немаат ништо“, рече Горан Ристевски, претседател на Независен синдикат на државна администрација.

И пред николку години, поради истата причина судската администрација поради незадоволство излезе од своите работни места и подолг период штрајкуваа за добивање на повисоки плати и додаток на плата.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button