СПОРТ

По пауза од 23 години во Скопје се игра тенис на највисоко ниво

Македонската Тениска Федерација како дел од активностите за Челинџер 75 турнирот Македонја Опен денеска одржа и прес-конференција на која присутни беа и првите луѓе на федерацијата, како и директорот на турнирот и нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски.

Advertisements

По пауза од 23 години Скопје и терените на ТК Југ се место каде се игра тенис на нешто повисоко ниво во однос на претходно.

За важноста на турнирот особено за играчите кои се со ранг околу 200-то место на АТП листата важноста е пред бројот на поени кои ги добива победникот. Турнирот веќе го одработува вториот ден, на кои покрај финалните мечеви од квалификациите почнаа и мечеви од првата рунда на „главниот турнир“.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе биде дел од турнирот и во првото коло ќе игра во вторник против Дино Призмиќ од Хрватска. Турнирот ќе трае до сабота кога се играат финалните мечеви во двете конкуренции. /GOL/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button