
Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави можат тие да можат да се користат од почетокот на следната недела.
„Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на ‘Фајзер’ и ‘Бионтек’“, објави британската Влада.
Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина, за која се проценува дека нуди 95 проценти заштита од ковид-19.
Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела.