
Владата, претседателот и Собранието во Бугарија имаат единствен „монолитен“ став околу прашањето со Македонија, вели во интервју за бугарската национална телевизија, БНТ, бугарскиот претседател на македонско-бугарската комисија за историски прашања, Ангел Димитров.
– Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров.
Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава, оценува дека постојат разлики меѓу политичарите и историчарите од македонската страна.
– Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават сѐ што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров.
Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива.