ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, пуштени 32 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 13 приеми и  тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија,  тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за  уво, нос и грло
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а седум болни биле примени на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button