ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид

Во чест на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид.