ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Конкурс во УТ, дали инспекторатот констатирал прекршоци?

Алсат дознава дека Државниот просветен инспекторат веќе констатирал прекршоци во објавувањето на конкурсот за ректор на Универзитетот во Тетово. Утврдените прекршоци се однесуваат на критериумот за искуство од 15 години кое кандидатот треба да го има, како и вториот критериум од огласот, во однос на тоа дали некој од кандидатите можел да поднесе оставка порано.

Advertisements

Извори на Алсат велат дека првото е прекршување на Законот за високо образование, а второто е прекршување на Стаутот на Универзитетот.

Записникот од извршениот инспекциски надзор веќе е доставен до Министерството за образование и наука, кое треба понатаму да постапи по овие наоди. Министерството за образование во моментов нема конкретен став и покрај прашањата од АЛСАТ дали ќе се преземат мерки за евентуално поништување на конкурсот за нов ректор на УТ. Конкурсот е отворен од 18 мај, додека Инспекторатот за образование реагираше не според службена должност, туку по низа жалби кои пристигнаа на адресата на Инспекторатот.

И поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски, го опиша како незаконски и скандалозен конкурсот за ректор на УТ, истакнувајќи дека оваа високообразовна институција е окупирана од политичко влијание.

Дополнителните критериуми ги утврди Сенатот, кој го предводи поранешниот ректор, Вулнет Амети. Критериумите се “дизајнирани” да одговараат на одреден кандидат, или да ја попречат потенцијалната кандидатура на заинтересиран професор.

Критериуми за ректор на УТ
да е државјанин на Република Северна Македонија;
– да биде од редовните професори, со најмалку 15 години работно искуство како наставен кадар

Но, и покрај ова, ниту во Законот за високо образование, ниту во Статутот на Универзитетот во Тетово нема член кој дозволува поставување дополнителни критериуми. Според највисокиот документ на УТ, Статутот, „ректорот се избира според критериумите утврдени во Законот за високо образование“, а единствен критериум во законот е кандидатот да биде од редовите на редовните професори.

Алсат го спореди конкурсот на Универзитетот во Тетово со оној на другите државни универзитети во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“ и „Свети Климент Охридски“. Сите без исклучок целосно го почитувале Законот и како критериум за избор на ректор навеле два критериуми кандидатите да бидат редовни професори и граѓани на Македонија.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button