ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општината во Арачиново не работи поради закани

Општина Арачиново стави клуч на врата бидејќи градоначалникот и администрацијата не се чувствуваат безбедни поради закани. Градоначалникот на општината Ридван Ибраими најави дека од вторникот, кога се случил последниот инцидент, па се до почетокот на следната недела, нема да работат. Додава дека нему и на администрацијата им се закануваат луѓе кои узурпирале земјиште кое е во сопственост на општината и на кое се подготвува да се изгради фудбалско игралиште за екипата на општината „Шкендија – Арачиново“. Ибраими го изрази своето разочарување од органите бидејќи вели дека не се преземени мерки во однос на последните закани, но и оние кои претходно ги пријави. Градоначалникот Ибраими вели дека во полицијата доставила и снимки од заканите.

Advertisements

„Ова не е ниту прв инцидент, ниту се преземаат мерки од надлежните институции, па верувам дека нема да биде последен. Вакви инциденти имавме и претходно, кои навреме им ги презентирав на органите на прогонот и се уште чекаме одговор. Дополнително, долго време имам проблем и со назначувањето на директори на основните училишта кои се во рамките на општината Арачиново, бидејќи секој кандидат што ми го дава советот на училиштето е загрозен од истите лица и никој од овие лица не прифаќа да биде избран за директор на училиште“, рече Ибраими.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека ги презеле сите мерки за решавање на проблемот со заканите во оваа општина. Апелира градоначалникот и заканувачите, како сопартијци да го решаваат проблемот меѓу себе.

Градоначалникот на Арачиново во вторникот пријави во полиција дека повторно му се заканувале по живот. Ова е втор пат за една година да биде нападнат и да му се упатени закани од член на семејството на поранешниот градоначалник, исто така од редовите на ДУИ, Брахим Ајвази. Контактиран од Алсат, Ајвази рече дека немало напад или закани, туку еден од членовите на семејството отишол во општината да достави документ за парче земја. Според семејството Ајвази, Ибрахим мислел дека тоа е закана и побарал помош од полицијата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button