
Организациските директори на Клиниките мора да бидат сменети бидејќи тие се само товар на буџетот додека именувањето на еден директор за целиот Клинички центар во Скопје ќе реши низа проблеми со кои се соочуваат и пациентите и медицинскиот персонал. Министерот за здравство со критики за работењето на Клиничкиот центар и здравство во земјава. Тој во изјава за медиумите рече дека смената на сите директори ќе заврши до крајот на оваа година.
„Информацијата е готова, во договор со Фондот за здравство, по нова година кога се прават сите пресметки, најверојатно од 1 јануари 2024 година се очекува да функционира Клиничкиот центар, односно сите да почнат да работат со назначен генерален директор или ќе има модалитети за кои ќе донесеме одлука во иднина. При крај сме со подготовки и информацијата ќе биде испратена до Владата и кога ќе видиме дека е вистинскиот момент. Имаме време до крајот на годината. Веќе нема да имаме институции кои работат со загуба, како што се „заедничките служби“ со загуба од 20 милиони евра кои не ни знаат што работат… тогаш ќе има подобра соработка меѓу Клиниките“, рече министерот Меџити.
Во меѓувреме, Меџити зборуваше за проблемот со паркингот во Клиничкиот центар, и рече дека документацијата за решавање на овој проблем е во процедура.
„За мене е важна брзината и квалитетот на услугата. Да се прави брзо и квалитетно. Паркингот ќе биде катна гаража за да можат пациентите да се паркираат и да нема хаос кој не го заслужуваат ниту пациентите, лекарите, ниту ние како држава да имаме таков хаос во срцето на нашата држава– Клиничкиот центар“, додава Меџити.
Меџити меѓу другото најави распределба на лекари специјалисти од главниот град низ целата територија на државата како и вработување на нови кадри во сите здравствени установи во државата.
Вјолца Алити