ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врнежите поплавија десетици куќи во Гостивар

Поројните дождови предизвикаа големи штети во некои населби во Гостивар. Оштетени се десетици куќи и работилници, а штета била предизвикана и на земјоделските култури.

Advertisements

Десетици куќи, дуќани, работилници и фабрики вчера настрадаа од врнежите и поплавите. Ова се случува речиси секоја година, велат жителите, а причината за тоа е недостатокот на атмосферска канализација и интервенциите на самите луѓе на потокот, каде градат мали мостови кои го запираат нормалниот проток на вода. Општината бара брза интервенција и санација еднаш засекогаш, за жителите да можат удобно да спијат кога има врнежи од дожд.

„Штетата е голема внатре по дома, оштетени се мебелот и сè друго. Синоќа дојдоа од општината сликаа и ништо повеќе. Штетата е околу 5.000 до 6.000 евра. Ова доаѓа одозгора, а потокот е зафатен со мали мостови и не поминува водата. Прво таму мораме да го решиме проблемот…“

„Штетата, како што можете да видите, е огромна, од машините, алатите, производството, сè е оштетено. Внатре имаше повеќе од еден метар вода. Штетата е голема. Работата е прекината, ги чекаме тимовите да дојдат да ја направат проценката на штетата и да продолжат со постапката. Делот каде што се наоѓаме нема канализација и овие проблеми нема само денес, туку имало и други случаи, но не во овој обем како вчера“, велат жителите.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, рече дека тимовите се на терен за да направат проценка на штетите, а во понеделник се очекува јасна слика на проценките. Тој рече дека општината ќе ги покрие штетите, а помош ќе бара од Владата.

„Тимовите за проценка се на терен од вчера и продолжуваат да бидат, да ја утврдат ситуацијата и да проценат колку треба да се надомести. Во понеделник ќе имаме извештај што ќе го доставиме до општинскиот совет, а потоа ќе го испратиме до Владата, бидејќи тоа не е поврзано со Општината, туку е вонредна состојба што може да се случи во секој град. Очекувам извештајот да биде понуден од страна на тимот за евалуација во понеделник, и врз основа на него ќе ја знаеме точната вредност и ќе го издадеме на општинскиот совет“, рече Таравари.

Таравари рече дека по завршувањето на проценката, ќе започне постапката за обнова на потокот и конечно решавање на проблемот. Жителите се повикуваат да бидат внимателни со изградбата на мали мостови, како и со сечата на дрва, со цел да се спречат катастрофи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button