ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вратите на општина Aрачиново остануваат затворени

Општина Арачиново четири дена по ред останува затворена и не може да ги опслужува граѓаните. Тоа е од причина што, како што рече самиот градоначалник, Ридван Ибрахими, поради смртните закани што ги добиле тој и административците на Општината. Случајот и понатаму останува нерешен.

Advertisements

Градоначалникот Ибраими денеска беше недостапен да каже дали има добиено некаква гаранција од органите на прогонот да можат да продолжат со работа и дали одлучиле кога ќе се вратат на работа. Според безбедносните експерти вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека страните мора сами да се договорат, остава простор за мислење дека институциите не можат да дејствуваат поради политичко влијание во нив.

Според Ѓурчевски, ваквиот став на министерот за внатрешни работи не го решава проблемот туку ги турка партиите да предизвикаат уште поголем проблем.

За нападот и заканите кон градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, ги добил од страна на членовите на семејството на поранешниот градоначалник на оваа општина од истата партија, молчат и од ДУИ. Алсат се обиде да добие изјава од функционери на ДУИ, но тие не се достапни за разговор.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button