ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од УХМР информираат дека наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button