ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски му честита на Ердоган

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки до Реџеп Таип Ердоган за новиот претседателски мандат.
„Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција продолжуваме да го развиваме на билатерален економски план и во рамки на партнерството во НАТО. Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум дека како и досега, ќе работиме заедно и со уште поголема посветеност на сигурноста и стабилноста на регионот и Европа и мирот во светот“, напиша Ковачевски во објава на Фејсбук.
Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган вчера победи во вториот круг од претседателските избори и е реизбран за претседател на Република Турција во наредните пет години.