ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Отровен зеленчук увезен од Албанија во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

МЗШВ и Љупчо Николовски наместо да се грижат за тоа каква храна јадат граѓаните, дозволуваат увоз на зеленчук со поголемо ниво на пестициди од дозволеното, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Advertisements

„Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството. До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното“, вели Трипуновски и додава:

„Според наши сознанија неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет. Ова се доказите. Граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна.

ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија.

Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта?“, додава Трипуновски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button