ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ до Квинтата: Повлекување на градоначалниците и на полицијата е услов за зачувување на мирот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот состанок со амбасадорите на земјите од Квинтата и со шефот на делегацијата на ЕУ во Србија рекол дека услов за зачувување на мирот на Косово е итно повлекување на градоначалниците од албанска националност и на припадниците на косовоските безбедносни сили од четирите општини со српско мнозинско население на северот на Косово.

Advertisements

Средбата на Вучиќ со амбасадорите на Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија) доаѓа по вечрашните инциденти пред општинската зграда во Звечан, каде дојде до судир меѓу припаднците на мисијата на НАТО на Косово – КФОР и српските демонстранти, во кој беа употребени солзавец, шок бомби, а летаа и камења, стаклени шишиња и други предмети.

„Едностраните потези на Приштина водат кон насилство врз српската заедница, што нè оддалечува од постојан мир и стабилност во регионот. Итно повлекување на лажните градоначалници и припадниците на т.н. специјални полициски сили на Приштина е услов за зачувување на мирот“, напиша Вучиќ на Инстаграм по состанокот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button