ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синот на Џафери и новите обвинители се заколнаа дека ќе работат совесно и непристрасно

Изјавувам и се колнам дека во вршење на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори ратификувана согласно Уставот, дека функцијата ќе ја вршам совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓанинот и интересите на другите правни субјекти.

Advertisements

Ваквата заклетва утрово, облечени во тога, во Советот на јавни обвинители дадоа 10 нови обвинители од последната генерација што ја заврши Академијата за судии и јавни обвинители.

Меѓу нив беше и Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше во фокусот на јавноста откако Државната комисија за спречување корупција обелодени дека тој е еден од многуте студенти кој своевремено полагал правосуден испит пред да дипломира. Исто така, и Албулена Абази која е сопруга на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази.

Џафери ќе биде обвините во Гостивар, Абази во Кичево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button