ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид–Кичево

Еден загинат и тројца повредени е билансот од сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автомобил што се случила вчера околу 18 часот во близина на селото Издеглавје на магистралниот пат Охрид–Кичево.

Advertisements

Според информациите од СВР Охрид, жртвата е возачот на автомобилот – 60-годишен жител на селото Палатица, Општина Желино. Со него во возилото имало двајца сопатници – 47-годишна жена и 21-годишно момче од Голема Речица. Сопатничката се здобила со тешки, додека момчето со полесни повреди.

Третиот повреден во сообраќајката е возачот на товарното возило, 37-годишник од Вевчани.

Од полицијата наведуваат дека увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button