ВЕСТИСВЕТ

Русија ги затвора дипломатските претставништва во Германија

Германската влада најави дека Русија ќе затвори четири дипломатски претставништва во Германија. Овој потег доаѓа откако Русите го ограничија бројот на вработени во германската амбасада и во други дипломатски тела. Кремљ најави дека само 350 германски дипломати можат да останат на руска територија.

Advertisements

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави за новинарите во Берлин дека Русија има конзулати во Бон, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и Минхен. Бургер рече дека на Русија ќе ѝ биде дозволено да ја продолжи работата на амбасадата во Берлин и во уште еден конзулат по крајот на годината.

Руската влада неодамна објави дека максимум 350 германски владини службеници, вклучително и оние кои работат во културни тела и во училишта, би можеле да останат во Русија. Тоа значи дека Германија до ноември ќе мора да ги затвори конзулатите во Екатеринбург, Новосибирск и Калининград. Отворени ќе останат само амбасадата во Москва и конзулатот во Санкт Петербург.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button