
Парафискалните давачки, бирократијата и недостигот на комуникација со институциите и натаму се проблем за бизнис заедницата. Според истражувањето на институтот Фајнанс тинк, мапирани се 377 парафискални давачки кои од 2019 година, па досега значително поскапеле. Со целосна дигитализација на институциите тие значително би се намалиле. Станува збор за разни давачки кон државата кои не се фискални или даночни, туку се однесуваат на плаќања за разни други услуги и документи.
„Микро и малите компании овој товар го чувствуваат многу посилно во споредба со големите компании. Сепак административниот товар за поднесоци, корекции, комуникација со институциите е истакнат како значајно поголем товар за разлика од финансискиот товар. Резултатите покажаа дека парафискалните давачки кон институциите се зголемиле во споредба со 2019 година“, рече Благица Петрески- Finace Think.