ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Лејла 15 години се грижи за деца кои останале без родителски надзор

Лејла Шабановска веќе 15 години е старател на многу деца без родителска грижа. На Меѓународниот ден на детето, 1 јуни, таа вели дека нејзината грижа и љубов кон нив никогаш нема да се намалат и покрај тоа што таа не е нивна биолошка мајка.
Покрај многубројните активности во училиштата, денот беше искористен и за прошетки во паркот, Зоолошката градина и други места за забава.
Некои од децата посакаа училишта без насилство и без предрасуди.
„Сакам сите деца да бидат среќни. Да се сакаме и да нема насилство во училиштата“…
„Сакам да го прифатам секое дете какво што е“, рекоа дечињата.
Мелихате Рустеми