Нацрт-верзијата за уставните измени следната недела ќе помине во Владата

Предлогот на Владата за уставни измени е во Секретаријатот за законодавство. Конечната верзија ќе биде објавена следната недела. И покрај тоа што предлогот не вклучува отстранување на терминот „20 отсто“ од Уставот, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека ќе биде најдобро тоа сепак да се случи. Според него, предлогот на Владата може да се промени во секое време сè додека не се одобри потребата за отворање на Уставот.
„Ќе го дадеме максимумот да ги тргнеме ’20-тте’ отсто. Ќе направиме сè за да го тргнеме од Уставот. Секој пат нашите сограѓани ни кажуваат дека сега не е вистинскиот момент. Таков беше случајот во 2019 година кога беше отворен Уставот и тогаш ни кажаа – следниот пат. Сега е редот. Ние сме дел од Владата и предлогот на Владата може да се промени во секое време до гласањето или отворањето на Уставот“, рече Таравари.
Но, сосема друг став има коалициониот партнер ДУИ. Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека терминот „20 отсто“ ќе биде отстранет кога ќе му дојде времето. А, кога ќе биде тоа Груби не кажува, иако досега Уставот се отвораше неколку пати, а ДУИ, покрај официјализирањето на албанскиот јазик со закон, вети дека ќе го отстрани и терминот „20 отсто“.
Прашање: Господине Груби, дали 20-тте отсто ќе бидат отстранети од Уставот?
„20% ќе бидат отстранети кога ќе дојде време“, рече Груби.
Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на последната средба со новинарите изјави дека ако Владата не предложи нацрт-уставен амандман за отстранување на терминот „20 отсто, тогаш тоа нема да може да се направи во Собранието преку амандмани, бидејќи не може да се интервенира надвор од одлуката за постапување. Но, во амандманите од 2019 година, иако Владата не предложи додавање на Косово како држава што се граничи со С Македонија, Комисијата за уставни прашања предложи свој таков амандман, кој потоа помина при гласањето.
Адријан Керими