Времето денеска: Сончево и топло наутро, а попладне со дожд и ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во некои делови од земјата ќе има краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот од земјата ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 9 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 18 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува да има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината и услови за изолирана појава на град, велат од УХМР. Утринската темпертура ќе биде 13, а дневната ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.