ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За едни Задушница, за други продолжен викенд: Долги редици на Граничниот премин „Богородица“

Денешниот неработен ден, поради верскиот празник Задушница и продолжениот викенд предизвикаа зголемен број возила да има на Граничниот премин „Богородица“.

Advertisements

Од камерите поставени на граничните премини може да се забележи дека утрово најмногу возила за влез во соседна Грција има на „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола тој број е помал.

На граничните премини кон Србија утрово не се забележани поголем број на возила.

Од Автомото сојузот на Македонија информират дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и оти на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button