ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сексуалното образование ќе биде дел од наставната програма во основните училишта

Инклузивното сексуално образование постепено ќе станува дел од наставната програма за основно образование. Министерката за образование, Мила Царовска, вели дека не може да има модерно и квалитетно образование без емоционален развој на секое дете кое завршува деветолетка. За таа цел започна обука на наставници, а пилот-проектот ќе се спроведува во четири училишта.

Advertisements

Од Бирото за развој на образованието велат дека сеопфатното сексуално образование во училиштата ќе го зголеми здравјето на младите.

„Немаме намера во основните училишта да го развиваме само когнитивниот аспект, туку и психо-моторниот и социо-емоционалниот аспект. Истражувањето и спроведувањето на истата програма во развиените европски земји се земени во предвид и откриено е дека спроведувањето на ваквите програми не само што го зголемува целокупното здравје на децата, туку исто така помага да се избегнат што поголем број ризици од ваква природа.“

Од невладината организација „Хера“, кои се дел од проектот, велат дека бројот на млади кои зборуваат на оваа тема е многу мал.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button