ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проблеми со водата во Струшко, загадена вода во дел од селските водоводи

Струшко и летово ќе има проблеми со водата за пиење. Особено тоа е евидентно во селата каде со водоводите управуваат месните заедници. Од Центарот за јавно здравје во Охрид велат дека годинава во регионот на општина Струга од анализирани преку 60 примероци на вода за пиење од селските водоводи, имало 14 примероци од пет села кои не се безбедни за консумирање.

Advertisements

„Нема соодветно и доволно дезинфекционо средство. Некаде воопшто нема, што претставува потенцијален ризик за развој на патогена микро флора и бактерии кои понатаму би предизвикале соодветни здравствени проблеми кај населението кое ја користи таа вода…“, рече Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје.

Станува збор за селата Јабланица, Џепин, Луково, струшко Нерези и Пискупштина. Со овој проблем се занимаваат и некои од партиите во општината. Од Алијанса на Албанците велат дека лани скоро 20.000 граѓанин имале проблеми да дојдат до чиста вода.

„Во градот во 2% од случаите се покажа дека водата за пиење нема хлор, што според правилата, јавното претпријатие треба да има резерви на хлор за 6 месеци. Водата за пиење од населените места кои се снабдуваат преку месните заедници, од 200 испитувања на годишно ниво, 68 случаи покажуваат дека водата е со нарушен квалитет за пиење, односно 21 случај беше со ешерихија коли“, рече Љуљзим Насуфи-претседател на Алијанса за Албанците.
Но, директорот на струшкиот Водовод и канализација, Дашмир Насуфи, тврди дека состојбата не е таква како што се прикажува.

„И покрај многуте врнежи досега сме немаме проблем со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод како порано. Факт е дека дел од водоводната мрежа во Струга е сè уште стара и нормално е понекогаш да се појавуваат проблеми. Во неколку случаи ние интервениравме со замена на старите цевки“, вели Насуфи.

Сепак, според Центарот за јавно здравје, едно од решенијата за граѓаните да добиваат здрава вода е водоводното претпријатие во Струга да го преземе управувањето на сите селски водоводи.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button