ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во борбата со загадувачите на воздухот и годинава ќе победат – загадувачите!

Првите 100 дена на Министерството за животна средина нема да забележат ништо ново во споредба со претходниот период, под раководство на министерот Насер Нуредини. За проблемот со загадувањето на воздухот кој трае веќе неколку мандати, а се ветува со години, нема да се најде сериозно решение, освен што ќе се поправат некои мерни станици, а нема податоци дали бројот на станици треба да биде поголем. 4 од 18 мерачи се полуфункционални и не ги детектираат сите штетни честички во воздухот. Министерството ќе поправи само некои од нив. Во меѓувреме, ќе се гласа за донации за поправка на останатите.

Advertisements

„Ние од нашиот буџет ќе санираме неколку од нив сега во декември и во соработка со „СИДА“ од Шведска имаме проект и чекаме да дојдат други елементи до крајот на годината и многу од станиците во нашата земја да бидат снабдени. Но, ние сме информирани дека има доцнење од нивна страна, поради Ковид. Сега треба да чекаме уште еден или два месеци.“

Во однос на следењето на загадувањето и новиот закон за повисоки казни, не се очекуваат конкретни резултати бидејќи бројот на инспектори за животна средина нема да може да се зголеми оваа година, иако тоа се ветуваше. Министерот Нуредини вели нови инспектори може да очекуваме евентуално догодина, така што борбата против загадувањето се чини дека годинава ќе ја добијат загадувачите.

„Тие направија извонредно големи контроли, конкретно во време кога имавме поголемо загадување на воздухот во Тетово, Кавадарци и Куманово. Имаше повеќе контроли. Соработката со локалните инспекторати е зголемена. Сега, исто така, упативме барања за буџетот за 2021 година, да имаме повеќе можности во буџетот, да ангажираме уште повеќе инспектори.“

Од Министерството за животна средина велат дека општините треба да создадат планови за управување против загадувањето зашто Владата нема национална стратегија за тоа. Најмалку 14 законски измени останаа во лавиринтите на Владата и Собранието, а за првите 100 дена од новиот владин кабинет се очекува ова министерство да нема што да каже. Исто така, долгогодишното ветување на претставниците на ДУИ за прогласување на Шар Планина за национален парк ќе мора да почека. Јавната расправа заврши, па предлозите допрва ќе се разгледуваат.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button