ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне изолирана појава на дожд и грмежи

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала дo умерена облачност, со изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи во попладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Advertisements

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончев со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 Целзиусови степени.

Во наредните денови се очекува во попладневните часови на повеќе места да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button