СПОРТФУДБАЛ

Адетунџи го напушти Шкупи, следна дестинација е Украина

Нигериецот Сандеј Адетунџи го напушта поранешниот македонски шампион, Шкупи, а најверојатно негова следна дестинација ќе биде украински Динамо Киев.

Advertisements

Досегашниот напаѓач на чаирчани преку неговиот профил на “Инстаграм” се збогува со навивачите на Шкупи и им се заблагодари за поддршката.

„Ова беше неверојатна сезона за мене, дебитирав во Лигата на Шампиони и постигнав гол. Имав 13 гола и седум асистенции оваа сезона. Им се заблагодарувам на навивачите за нивната поддршка. Обезбедивме пласман во Европа со освојување на второто место во шампионатот. Се надевам на подобро искуство во Европа. Ви благодарам уште еднаш за поддршката“, напиша Адетунџи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button