ВЕСТИРЕГИОН

Амбасадорите од Квинтата во Приштина утрово се сретнаа со Курти

Амбасадорите на земјите од Квинтата во Приштина, утрово одржаа средба со премиерот на Косово Албин Курти, а главна тема на средбата се настаните на северот на земјата.

Advertisements

Средбата се одржа зад затворени врати, без изјави за медиуми. Сепак, најавена е прес конференција на Курти во 11 часот.

Локалните медиуми посочуваат дека се очекува на средбата да се разговарало за можноста за брзо изнаоѓање решение врз основа на барањата и советите на амбасадорите на САД, Франција, Италија, Германија и Велика Британија, пренесува РТК.

Тоа е една од ретките средби на претставниците на петте најмоќни земји во светот акредитирани во Приштина со кој било претставник на Косово што се одржала толку рано во денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button