ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО и СДСМ и денеска се надмудруваат за уставните измени

Игра на нерви меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за судбината на уставните измени. Опозицијата инсистира дека власта дефинитивно мора да прифати една од понудените опции. Според ВМРО-ДПМНЕ, ако СДСМ не се произнесе за еден од нив, тоа значи дека социјалдемократите купуваат време за да ја спасат ДУИ.

Advertisements

СДСМ цени дека Христијан Мицкоски се согласил да ги поддржи уставните измени и го охрабруваат да не го менува ставот. Најголемата партија на власт денеска го потсети Мицкоски на сите изјави против уставните измени.

Коментирајќи ги политичките случувања во земјава, Пендаровски им даде право и на двете партии во македонскиот блок. Шефот на државата беше оптимист за надминување на состојбите, но ја потсети опозицијата дека токму таа велела оти овој парламентарен состав нема мандат да гласа за уставни измени.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button