
Доцна синоќа во Косово е убиено лице во автомобил со македонски регистарски ознаки, објавија косовските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации.
„Жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија, пишува порталот Индекс онлајн.
Според информациите на полицијата во текот на оперативните дејствија подалекуод убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените вмешани во случајот./Makfax