ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кучиња-скитници направиле „касапаана“ низ село Пршевце

Кучиња-скитници направиле „касапаана“ низ село Пршевце

Десетици животни биле искасапени од кучиња-скитници во село Пршевце кај Теарце. Глутницата синоќа влегла во две фарми од кои едната се наоѓа на сред село.

Advertisements

„Изгубивме седум големи овци и два овни пред десет дена, така што вкупно девет беа убиени“, изјави Зули Јакупи, сточар.

„Ова не е прв случај, ниту само мене ми се случува. Два овни му убија на комшијата, кај друг комшија теле. Три месеци сме под напади од кучиња-скитници, но никој не презема ништо, ниту државните институции, ниту општината, никој, иако знаат за случаите. Веќе не знам каде да се обратам“, рече Џелал Абдули- сточар.

„Телето беше нападнато ноќе дома, јас бев во селото. Соседот во три часот по полноќ ме извести дека има врева, но кога излегоа во три и пол часот наутро телето веќе беше убиено. Секоја вечер кога ќе излезам во дворот во девет или десет, секогаш има кучиња во куќата, повеќе од 10-15“, изјави Баки Зеќири- сточар.

Алсат побара објаснување од општина Теарце какви мерки ќе преземат за да се спречат ваквите напади, но одговор не добивме.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button