ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сите кои се родени во Македонија ќе влезат во матичната евиденција

Сите кои се родени во Македонија ќе влезат во матичната евиденција

Новото законско решение за неевидентираните лица овозможува регистрација на оваа категорија не подоцна од 45 дена од датумот на раѓање. Според Законот за матична евиденција, кој помина во Собранието, околу 700 неевидентирани лица по дополнителни проверки ќе треба да бидат евидентирани во матичната евиденција до 31 декември годинава.

Advertisements

Закон за матична евиденција:
„Секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија ужива непосредно право на запишување во Матичната книга за новороденчиња и тоа најдоцна 45 дена од денот на неговото раѓање, без оглед на државјанството или личниот статус на неговите родители.“

Според активистите за човекови права, ова прашање сé уште не е решено. Судбината на фантомите кои во законската рамка се водат како неевидентирани лица, ќе се решаваа со дополнителни измени и дополнувања на Законот за идентификација и Законот за поднесување на живеалиште и престојувалиште. Токму одредбите на овие два закони, според Суад Мисини, не им дозволиле на семејствата на Мемет Камбер и Тони Сали да не можат да ги извршат погребните церемонии за своите најблиски, поради немањето лична карта и живеалиште. Двете законски решенија меѓусебно се поврзани со тоа што со Законот за живеалиште, се бара покажување на адресата во општината каде што лицето живее, додека со Законот за лични карти не се исполнува критериумот за издавање на документот доколку не се знае живеалиштето. Мисини во својата реакција нагласи дека од понеделник ќе почне штрајк со жед пред Собранието за институциите, поточно МВР да ги земе во предвид барањата на неевидентираните лица. Од МВР кусо ни соопштија дека се во координација со Министерството за правда и оти работат на усогласување на своите позиции за изнаоѓање на соодветно законско решение.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button