ВЕСТИЗДРАВСТВО

Повеќе од 1.000 деца се вакцинирани во изминатите четири недели со МРП вакцината

Повеќе од 1.000 деца се вакцинирани во изминатите четири недели со МРП вакцината

Над 1.000 деца се вакцинирани како дел од кампањата од врата до врата организирана од Министерството за здравство и СЗО. МРП вакцината против мали сипаници е најмалку прифатена, поради родителските дилеми околу можните несакани ефекти. Тимовите кои беа на терен велат дека успеале да убедат повеќе од 70 отсто од родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП, како и со други вакцини кои децата не ги примиле навремено.

Advertisements

Имунизацијата преку посети од врата на врата се спроведува веќе 4 недели.

„Вкупно 3.373 семејства, беа посетени во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамките на кампањата беа дистрибуирани над 6.000 материјали за рутинска и анти-КОВИД-19 вакцинација. Повеќе од 30 медицински тимови беа вклучени во теренските посети, со цел да се презентираат придобивките од рутинската имунизација и вакцинацијато воопшто“, велато од Министерство за здравство.

Законски, за одбивање на вакцинација се плаќа казна. Сепак, дури и ако казната биде платена, родителот сè уште останува обврзан да го вакцинира детето. Ако двапати по ред родителот не одговори на поканата за вакцинација, тогаш Здравствениот инспекторат има право да преземе други мерки. Невакцинираните деца имаат многу поголема веројатност да бидат заразени со разни заразни болести, како и да пренесат болести на други луѓе.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button