Повеќето судии немаат доверба во Судскиот совет
Повеќето судии немаат доверба во Судскиот совет

72 отсто од судиите не веруваат дека Судскиот совет си ја врши својата работа правилно и ја штити нивната независност. Шефот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, признава дека овие податоци се алармантни, но вината за проблемот не ја гледа во институцијата што ја води. Георгиев ги повика судиите да бидат похрабри и да не се изразуваат само анонимно.
Но, и покрај тоа, практиката покажува дека и кога има претставки, ова тело не прави доволно за да ги процесуира. На пример, поминаа шест месеци откако Судскиот совет утврди дека судијата Енвер Беџети го чувал предметот против Сашо Мијалков, „Таргет-Тврдина“ во фиока, со што се овозможи негова застареност, но до денес не се преземени никакви мерки против овој судија.
Додека судијата Беџети предметот за Мијалаков го држеше 9 месеци во „фиока“ и се овозможи застареност, сега Судскиот совет очигледно шест месеци го чува извештајот во „фиока“ за мерки против Беџети. Наместо да бара отчет од првиот човек на оваа Комисија зошто ова не се процесуира, Ханиф Зендели беше избран за заменик претседател на Судскиот совет. АЛСАТ дознава дека оваа комисија ја сочинуваат нејзиниот претседател Ханиф Зендели и уште двајца членови, меѓу кои е и поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, но таа побарала да ја напушти комисијата. Резултатите од истражувањето на ОБСЕ со судиите покажаа дека покрај тоа што судиите немаат доверба во Судскиот совет, 73 отсто од нив изјавиле дека изборот и унапредувањето на судиите не се врши правилно.
Ардит Рамадани