
Косовскиот премиер Албин Курти утре ќе учествува на Форумот за дијалог во Преспа.
Информацијата за Алсат ја потврдија и од МНР од каде што велат дека „премиерот Албин Курти го потврдил учеството“.
Пред неколку моменти премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека утре тој и премиерот Курти ќе разговараат за ситуацијата на Косово и за што побрзо изнаоѓање решение, со цел да се смири ситуацијата и да се гарантира мир во регион. /Алсат.мк