ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Законот за парична помош доби поддршка на Комисијата за финансирање

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари ги помина комисиските филтри во собранието. На ред се пратениците на пленарна седница да го изгласаат законот, за граѓаните конечно да добијат по сто евра за купување македонски производи. На денешната комисиска расправа власта ги прифати амандманите на опозицијата и го зголеми опфатот на граѓани кои ќе добијат државна помош. Пред се станува збор за самохрани родители, за кои според опозицијата, имало повеќе ограничувања во предлог текстот на законот.

Advertisements

„Ние предлагаме, во член два точка пет зборовите „за периодот јануари-август 2020 оствариле доход  нето износ не поголем од 120 илјади денари  односно евиденцијата на УЈП, да се брише. Со овој предлог сакаме да нема ограничување во примените приходи на самохраните родители“, рече Ели Панова ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку пратениците од комисијата го изгласаат овој амандман сите самохрани родители евидентирани согласно министерствата за труд и образование без разлика на нивниот приход ќе имаат можност да добијат помош од шест илјади денари. Значи амандманот се прифаќа“, рече Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии.

Освен самохраните родители со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button