ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски бара ТВ дуел со Ковачевски, СДСМ бара разговори во работна група

Мицкоски бара ТВ дуел со Ковачевски, СДСМ бара разговори во работна група

Не работни групи, туку телевизиски дебати… Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се обидува јавно да ги елаборира ставовите за уставните измени со премиерот Димитар Ковачевски. Неговиот повик доаѓа десет дена по средбата со него, по што партиите ги дадоа своите понуди, но потоа повеќе не комуницираа, освен преку изјави во медиумите.

Advertisements

Но, премиерот во моментов не прифаќа телевизиско соочување со Мицкоски. Од неговата партија велат дека решението треба да се бара во работна група.

Телевизиските соочувања станаа вообичаени меѓу Мицкоски и поранешниот премиер Заев, но Ковачевски досега никогаш не се согласи да се појави пред лидерот на опозицијата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button