Инсталирана првата фотонапонска централа во земјава

Првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од од блесокот на светлината се инсталираше во Неготино од страна на ЕВН Македонија. Оваа централа е дел од најсовремените светски технологии, и се изгради во рекорден период од помалку од 4 месеци. Фотонапонската централа на ЕВН Македонија е составена од 4416 панели со моќност од 335 W, односно инсталирана моќност од 1479 кW и има капацитет од 2,1 GWh за годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија.
ЕВН е општествено одговорна компанија која во континуитет презема конкретни чекори за заштита на животната средина. Веќе 15 години ЕВН инвестира во градење на хидроелектрани со цел производство на електрична енергија од обновливи извори, паралелно со масовни кампањи за енергетска ефикасност низ целата земја.
„Оваа фотонапонска централа е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватниот сектор. Горди сме што нашата компанија вложува во проекти кои се наменети за заштита на животната средина и особено за намалување на загадувањето. За рекордни не полни 4 месеци, успеавме да направиме позитивна промена во насока на подобра енергетска иднина на земјата и за здравјето на нашите граѓани“, рече Штефан Петер претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија.