ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Турчане стравуваат од можно излевање на реката

Жителите на Турчане стравуваат од можно излевање на реката

Жителите на Турчане општина Гостивар се плашат од ново излевање на реката којашто пред две недели предизвика поплави со тешки последици за жителите.

Advertisements

„Оваа река е главната причина за поплавите што се случуваат овде во Мало Турчане, но и мостовите што се блокираат од паднати дрва, како и фрлањето на отпад од страна на жителите“, известува Башким Сулејмани, новинар.

„Прво работеа малку, а сега стопираа сè. Мораат да поправат некои бразди кои се издлабени од водата, ни ги уништуваат колите. Но, дури и мостовите се проблем бидејќи се блокираат од отпадот што го фрлаат и потоа водата се излева.“

„Општината тука не направи ништо. Водата што се излеја направи голема штета во домовите на луѓето. Општината прво мора да го поправи патот и да го исчисти потокот од гробиштата до Вардар. Мостовите што се направени мора да се урнат и да се направат нови.“

„Два или три пати имаме поднесено барање во општината да ги поправат, инфраструктурата е целосно оштетена. Таравари беше тука два пати, го виде местото, знае дека сме во опасност, особено долниот дел.“

Од локалната власт велат дека она што ѝ е обврска е завршено. Станува збор за чистење на речното корито, додека за регулацијата на речното корито, но и за негово проширување, ја обвинуваат дирекцијата за води.

„Разговаравме со локалната заедница, да, разговараме со селаните или да ги отстранат мостовите или да ги подигнат повисоко, па да најдеме друг начин за влегување во куќите бидејќи многу често има импровизирани мостови. Знаете дека немаме надлежност како општина за овие води, но повторно не бегаме од одговорноста како општина за чистење и овозможување нормален проток. Но, за регулацијата и бекатонизација за течењето на водата, ја немаме таа надлежност како општина“, изјави Арбен Таравари, Градоначалник на Гостивар.

Пред две недели во селото Турчане излејаната река поплави десетици куќи и фабрика за преработка на млечни производи. Веќе две недели општинските тимови работат на проценка на штетите. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button